Радио Милева

Со потполно различен имиџ и во тренд од мали нозе: Препознавате ли кој пејач е на фотографијата?

Со потполно различен имиџ и во тренд од мали нозе: Препознавате ли кој пејач е на фотографијата?
фото: принтскрин/инстаграм/филиппецовски

Во времето на пандемијата со коронавирусот, многу јавни личности додека го поминуваа своето време во домовите, извадија фотографии од архива, па евоцираa спомени од детство, свадби, родендени…

Така и еден македонски пејач на својот „Инстаграм“ објави фотографија од детството, но набргу ја избриша.

На фотката, пејачот има руса коса и изгледа потполно различно од сега, погодувате ли за кој пејач станува збор?

фото: инстаграм/филиппецовски

Имено, станува за македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски кој во музичкото шоу со својот оригинален настап  и харизма остави впечаток кај  публиката, но и кај жирото.

Кога Филип првпат се појави на музичката сцена, публиката врескаше, а жирито едвај чекаше да види за кого станува збор. Пецовски беше под менторство на Јелена Карлуша, па така секојпат имаше различен и оргинален настап.

фото: Инстаграм

Тој во музичкото шоу стигна до финалето, а по завршување на истото сними и неколку песни кои имаа доста прегледи на Јутуб.

Зошто Филип ја избриша фотографијата од деството на социјалните мрежи остана мистерија, но не е мистерија дека и тогаш изгледал уникатно и многу поразлично од сега.

Дали Пецовски подготвува нешто ново на музички план и наскоро повторно ќе изненади со нов видео запис, останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева