Радио Милева

Со оваа фотографија Ева Лонгорија ги разнежни срцата на навивачите на Мексико (ФОТО)

Со оваа фотографија Ева Лонгорија ги разнежни срцата на навивачите на Мексико (ФОТО)

Актерката Ева Лонгорија, најпозната “очајна домаќинка”, неодамна стана мајка за првпат на 43 години, а сега таа со објавувањето на една фотографија на Instagram ги воодушеви своите обожаватели.
На 19 јуни, Ева го роди син на Сантијаго Енрике, кој го облече во зелениот национален мексикански дрес со натпис “Санти” и број 8, како жесток обожавател на Мексико и фудбалот, со цел да им даде поддршка на играчите на земјата од која потекнува на Мундијалот во Русија.

„Погледнете кој е подготвен за фудбалски натпревар на Мексико“! – напиша актерка со мексикански корени, а прекрасната фотографија собра куп воодушевувачки коментари.