Радио Милева

Со месеци се шпекулира дека оваа актерка е новата девојка на Бред Пит, сега таа се огласи и ја откри вистината

Со месеци се шпекулира дека оваа актерка е новата девојка на Бред Пит, сега таа се огласи и ја откри вистината
фото: бакгрид/бакгрид/уса/профимедиа

Во последните месеци постојано кружат шпекулации дека Бред Пит е во врска со колешката Алија Шокат, а таа сега се огласи и откри каков однос има со актерот.

Имено, неодамна во интервју за „Vulture“ објасни во каква врска е со Бред Пит.

„Не сме пар, само сме пријатели“ откри актерката.

фото: гуливер/тео варко/гети имагес

Таа откри дека не и допаѓа што често ја следат папараци.

„Се’ ова е премногу. Имам чувство како да сум гола во училишниот ходник и сите гледаат во мене“.

Таа истакна дека се дружила со Бред и за време на самоизолацијата, но меѓу нив не се случило ништо, ниту пак се развиле емоции во љубвовна смисла.

Извор близок на актерите истакна дека се дружат бидејќи живеат во близина.

Останати вести од Радио Милева