Радио Милева

Со менторство на Вики Миљковиќ, Стефан Величковски се пофали со новите успеси во „Ѕвездите на Гранд“

Со менторство на Вики Миљковиќ, Стефан Величковски се пофали со новите успеси во „Ѕвездите на Гранд“

Во првиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ се претстави и македонскиот кандидат Стефан Величковски кој направи вистински хаос во студиото.

Имено, по неговиот настап жирито имаше жестока расправија околу овој кандидат, а Карлеуша му порача дека е многу самоуверен и безобразен.

„Ти си дечко безобрзазен до крај. Ти си нешто најодвратно во последните неколку емисии. Тој арогантен став нема да те одведе никаде. Оди си, ја доби Вики, оди си, не сакам повеќе да те слушам“, распали Карелуша по Стефан“

Вики Миљковиќ го потврди својот глас и прифати да биде ментор на Стефан.

Миљковиќ со својата екипа ги подготвуваше кандидатите за следниот настап за да се покажат во најдобро светло.

Деновиве, во студиото на „Гранд“ се снима вториот круг на регионалното музичко шоу, а Стефан веднаш се пофали со неговиот успех.

Имено, тој на социјалните мрежи објави дека поминал директно во третиот круг и дека ги освоил сите гласови.

За потсетување, во вториот круг има нови правила, односно кандидатите кои ќе освојат 5 или 6 гласа поминуваат директно во следниот круг, а оние кои нема да освојат гласови или ќе имаат 1 или 2 гласа испаѓаат од музичкото натпреварување.

Вики сигурно се покажала како добра професорка, а Стефан како добар ученик, па како ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.