Радио Милева
успешно завршена мисија

Снеже Велков тргна да вози велосипед на кеј, но се соочи со голем предизвик: „И срце ми лупаше и ладна пот ме облеа ама одлучив“

Снеже Велков тргна да вози велосипед на кеј, но се соочи со голем предизвик: „И срце ми лупаше и ладна пот ме облеа ама одлучив“
фото: принтскрин/инстаграм/снеже велков

Македонската водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков нема ден да не вежба.

Најчесто утрата и почнуваат со вежбање или со возење на велосипед. Па и да врне и да вее, и бура да коси, за Снеже тоа проблем не е, таа спортска облека си носи.

Така, Велков често е активна на социјалните мрежи, па објавува фотографии, видеа од нејзините физички активности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Деновиве, кога тргна да вози велосипед на кеј, Снеже се соочи со еден голем предизвик односно победување на страв од кучиња.

Имено, како што истакна кога поминала на кеј имало собир од четири кучиња.

„Мисија – победување на страв од кучиња. Мојата денешна победа. Поминав низ собир од 4 кучиња. Може не се гледаат најдобро, но рачунајте дека фотката ја направив кога се мислев – „А да си тргнам по друг пат?“, пишува пилатас инструкторката на едно „Стори“.

фото: принтскрин/инстаграм/снеже велков

„И срце ме лупеше и ладна пот ме облеа, ама одлучив. Тргнам. Погледот го фокусирав на мостот. Брзина како ракета, појачав музика и поминав“, раскажува Велков за својата успешна мисија.

фото: принтскрин/инстаграм/снеже велков

„Сликав набрзина оти во глава ми беше филмот: Гаранат се затрчале по мене и кај е да ќе ме стигнат и ќе ме растргнат“.

фото: принтскрин/инстаграм/снеже велков

Браво за Снеже, а кога се сака, сè се може!

Останати вести од Радио Милева