Радио Милева
од сала пред камера

Снеже Велков се враќа на ТВ како… „ВИП на еден ден“ (ВИДЕО)

Снеже Велков се враќа на ТВ како… „ВИП на еден ден“ (ВИДЕО)

Некогашната македонска ТВ водителка, сега пилатес инструкторка, нема повеќе да биде некогашна. Имено, Снеже велков прд некое време најави, а сега полека го реализира новиот ТВ проект со кој се враќа пред камерите.

Како што вели самата најава, се работи за телевизиски формат во хумана мисија. Со единствена цел – вараќање на насмевката на загрижените лица. Како не има побаеги, изборот нема да биде и некој проблем…

Проектот на згодната водителка е насловен: „ВИП на еден ден“ и неговата суштина е лицата од ранливите категории или оние кои не можат да си дозволат скапи козметички третмани, фризерски, маникирско-педикирски, стоматолошки, рекреативно-спортски… или било каков друг вид услуги, третмани или парчиња облека, обувки, акцесоари… кои ги вообичаено луѓето покрај останаттото ги прават среќни и задовлни, или што би се рекло: барем на еден ден да се почувствуваат како „луѓе“. Како вистински ВИП личности во својот живот!

Проектот и неговата идеја звучат интересно, водителката уште поинтересна, особено по долгата  апстиненција пред камерите, па затоа и овој нов реален ТВ формат ветува дека ќе побуди голем интерес кај гледачите.

На Снеже и екипата им останува убаво да го спакуваат и на интересен начин да му го презентираат на ТВ аудиториумот. За „ВИП на еден ден“ да биде повеќе од ВИП и уште повеќе од програма за едно гледање! Конечно докажано е дека народот сака реални шоуа, особено ако во нив може да се препознае себе си!

 

View this post on Instagram

 

And.I’m back on TV.

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze) on