Радио Милева

Снеже Велков „сè во едно“: Мајка, водителка, пилатес инструкторка…а вака изгледа крајот на нејзиниот работен ден

Снеже Велков „сè во едно“: Мајка, водителка, пилатес инструкторка…а вака изгледа крајот на нејзиниот работен ден

Снеже Велков е како „сè во едно“, мајка, водителка, пилатес инструкторка… и да стигнува насекаде.

Имено, Снеже имаме прилика да ја гледаме во емисијата „Вип на еден ден“ која што е од хуминатарен карактер односно на личности од ранливите категории им овозможуваат да бидат „ВИП личности на еден ден“.

Кога Снеже не е пред камери, тогаш е во сала за вежбање, место кое го нарекува свој втор дом. Меѓутоа, пилатас инструкторката периодов одмара од вежбањето бидејќи си го повреди коленото, а како истакна тоа е желба за 2020-та да и оздрави ногата и да се врати во салата.

фото: Принтксрин/инстаграм

Меѓутоа, кога не е ни во сала, ниту пред камери, Снеже е мајка, домаќинка, пријателка.

Таа често на социјалните мрежи знае да сподели каде готви под слоганот „Снеже готви“, а често знае и да измисли некој свој рецепт.

фото: Принтскрин/инстаграм

Но, како изгледа крајот на работниот ден на Снеже? Таа се пофали на „Инстаграм“ и откри како завршува нејзиниот ден кога сите обврски се завршени.

„Вообичаен крај на работен ден на една мајка. Купила леб и земала деца од школо“ напиша водителката на фотографијата каде што позира во лифт.

фото: Принтскрин/инстаграм

Па, Снеже секоја чест.

Останати вести од Радио Милева