Радио Милева

Снеже Велков го покажа омилениот дел од домот: „Некогаш знам да бидам со скроз расчупана коса, а некогаш правам магија“

Снеже Велков го покажа омилениот дел од домот: „Некогаш знам да бидам со скроз расчупана коса, а некогаш правам магија“
фото: принтскрин/инстаграм/снежевелков

Поранешната ТВ водителка и сегашна фитнес инструкторка Снеже Велков, речиси секојдневно го полни својот Инстаграм профил со своите актиновсти.

Таа редовно ги информира следбениците каде е и што прави, а на своите фанови им покажува дека ги почитува мерките за заштита од корона, па кога излегува од дома носи маска.

фото: Принтскрин/инстаграм/снежевелков

Снеже кога не е дома е во сала каде вежба со своите девојки од пилатас. Меѓутоа, пред короната таа имаше мала повреда на коленото, па мораше малку да паузира. Но, откако се врати на вежбите, фитнес инструктортката мораше да се паузира поради вирусот или барем да паузира вежбање во сала, па најде алтернатива со вежбање во природа.

фото: Принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, кога е дома Снеже често времето го поминува во кујна, а на социјалните мрежи знае да се пофали со разни подготвени специјалитети со објаснување #КогаСнежеГотви.

фото: Принтскрин/инстаграм

Снеже на социјалните мрежи сега покажа како изгледа нејзината кујна во која приготвува разни видови на јадења. Од приложеното може да се забележи дека во кујната на финтес инструкторката преовладува светло кафеава боја и ги има сите потребни елементи за готвње.

Во описот на објавата, Велков напиша и долга порака, но појасно едно – дека секогаш треба да блескаме.

 

View this post on Instagram

 

Признавам кога влегувам во кујна знам да бидам со скроз расчупана коса напати и мрсна.Знам да се исфлекам при готвењето и така фино да се замирисам на манџи ручеци и прженици. Знам и да се исечам со нож додека сецкам или лупам…Знам фино да се изгорам.Знам и да препечам и да пресолам храна…знае да не ми успее колачот… А знам да направам и магија… И знам дека во двата случаи блескам🤭 Блескам од брзоплетост зошто се исеков,блескам од немарност зошто пресолив…Блескам од креативност зошто смислив нов рецепт,Блескам од радост дека последниот ручек ми е како од 24 Kitchen…Па ќе се скоцкам и ќе го послужам на моите ко да ми се висока делегација… Блескам секако, зошто ова е Моја Кујна и мои правила🤗 А правилото вика ако и двете фотки еднакво ти се допаѓаат објави ги и двете🌞🤭 Да заклучиме:Блескајте оти ви се може🙏❤ #mykitchenmyrules #bethebestyou #cookinglover #yesyoucan #motivation #inspiration #vegancooking #pilateslover #блескај #готви #вежбај #smile #behappy #nevergiveup

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze) on

Останати вести од Радио Милева