Радио Милева

„Сметав дека секој брачен проблем може да се реши“: Елена Велевска жртва на семејно насилство!

„Сметав дека секој брачен проблем може да се реши“: Елена Велевска жртва на семејно насилство!

Фолкерката  Елена Велевска деновиве беше присутна во македонските медиуми, а главна тема беше дека пејачката се разведува од својот сопруг Марјан, што многумина ги изненади оваа вест со оглед на тоа дека Велевска во своите интервјуа потенцираше дека сопругот и е голема поддршка.

Во една прилика пејачката изјави дека тој ја поддржува во музичката кариера и во се што носи ова професија, а да не ја подржувал би се развела.

фото: Фејсбук

Откако медиумите почнаа да пишуваат дека е крај на бракот на Елена, таа молчеше се до вчера кога на својот Фејсбук ги потврди информациите дека покренала бракоразводна парница бидејќи насилството станало неподносливо.

Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.
Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.
Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…

Животот за нас оди понатаму.

Ви благодарам на разбирањето и поддршката, напиша Велевска на социјални мрежи.

фото: Фејсбук

Елена и Марјна се во брак 11 години и имаат три деца, а за 9 – годишнината од бракот пејчката на сопругот му купи луксузен автомобил.

фото: Фејсбук