Радио Милева

Славниот холивудски актер ја покажа мајка си, а иако таа има 60 години многумина помислија дека му е сестра (фото)

Славниот холивудски актер ја покажа мајка си, а иако таа има 60 години многумина помислија дека му е сестра (фото)
фото:крис хемсворт/инсатграм

Холивудскиот актер Крис Хемсворт и го честиташе Денот на мајката на својата мајка Леона, но и на неговата сопруга Елси Патаки, со фотографија на која се сите тројца заедно.

Вниманието на неговите следбеници на Инстаграм беше украдено од младешкиот изглед на неговата мајка, за која велат дека изгледа две децении помлада, иако таа веќе има 60 години!

Леона, инаку учителка од Мелбурн, која покрај Крис, ги има и синовите Лиам (30) и Лук (38), кои исто така се актери. Кој би помислил дека оваа дама веќе има три возрасни синови!

фото:крис хемсворт/инсатграм

За фотографиите беа напишани комплименти на сметка на изгледот на Леона. „Вашата мајка и сопруга изгледаат како да се во иста возраст“, „Мајка ти изгледа многу помлада“, „Мајка ти е како да ти е сестра. Имаш добри гени“, се само некои од коментарите.

Да потсетиме, Хемсворт во неколку наврати зборуваше за неговата добра врска со неговите родители, а во една прилика тој истакна дека желбата да им се помогне, го натерала да продолжи да се замнимава со глума.

фото:крис хемсворт/инсатграм

– Една од првите работи што ги направив кога ги добив парите е да им ја вратам куќата на моите родители. Го прашав тато, кога ја купи куќата, кога ќе ја исплати. „Искрено, веројатно никогаш“, одговори тој – рече 36-годишниот актер минатата година.

Останати вести од Радио Милева