Радио Милева

Славниот актер во одбрана на принцот Хари: „Медиумите му ја убија мајката, а сега му ја „распнуваат“ жената“

Славниот актер во одбрана на принцот Хари: „Медиумите му ја убија мајката, а сега му ја „распнуваат“ жената“
фото: јутуб/гуардина јус//тањуг ап/профимедиа//гоф фотос

Познатиот актер  Хју Грант ја подржа одлуката на Меган Маркл и принцот Хари да си заминат од кралското семејство и го осуди пишувањето на странските медиуми.

Грант истакна дека го разбира јавниот притисок на овој пар и дека не му се допаѓаат насловите во медиумите.

„Јас сум на страната на Хари. Таблоидите ефикасно ја убија неговата мајка, а сега ја распнуваат неговата сопруга. Мислам дека негова должност како маж е да го заштити семејството“ изјави Грант во интервју за “Radio Andy show”. Меѓутоа, принцот Хари неколку пати истакна дека се гади од фоторепортерите кои ја фотографирале неговата мајка додека умира.

Актерот мислеше на трагичната смрт на принцезата Дајана која почина на 36 години во сообраќајна несреќа во Париз.

фото: принтскрин/јутуб

„Беше сериозно повредена, но беше жива. А оние луѓе кои ја предизвикаа сообраќајната несреќа наместо да и помогнат тие ја фотографираа на задното седиште“ изјави Хари во документарниот филм за ББС.

За потсетување, Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности и да бидат финасиски независни.

Останати вести од Радио Милева