Радио Милева

Славната актерка во тајност го роди третото дете: „Кога би можела би имала триесет деца!“

Славната актерка во тајност го роди третото дете: „Кога би можела би имала триесет деца!“
фото:гети/наталија дериабина

Актерката Блејк Лајвли го роди своето трето дете пред два месеци, пишуваат странските медиуми.

Актерката и нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс успеаја да ги задржат информациите за раѓање во целосна тајност и засега не е познато дали добиле девојче или момче.

Блејк ја сподели веста за бременоста со светот на почетокот на мај на премиерата на филм каде го покажа трудничкото стомаче, пренесува klix.ba.

фото:гети/инстаграм

Фановите на славната актерска двојка очекуваат Рајан и Блејк наскоро да го објават полот на бебето и неговото име.

Блејк и Рајан се во брак од 2012 година и се едни од најомилените парови во Холивуд. Тие имаат две ќерки.

Актерката зборуваше за родителството во интервју пред неколку години и рече дека ќе има триесет деца ако може.

Останати вести од Радио Милева