Радио Милева
Семејна драма

Славната актерка со години не знаела кој и е татко: „Кога ја видов неговата ќерка, здогледав своја близначка!“

Славната актерка со години не знаела кој и е татко: „Кога ја видов неговата ќерка, здогледав своја близначка!“
фото:профимедиа

Лив Тајлер, ѕвездата на серијата „Господарот на прстените“ е ќерка на Стивен Тајлер, фронтменот на култниот бенд Аеросмит. Таа сепак, не го знаеше целиот свој живот.

– Тоа е многу емотивна приказна. Мајка ми беше многу млада кога ме доби и имаше некои сомнежи, но јас бев многу сакана и целото мое семејство се грижеше за мене, што беше прекрасно – рече актерката пред две години во една емисија.

Лив, чија мајка е американската пејачка Бебе Буел, објасни дека разбрала кој е нејзиниот татко уште пред да и биде соопштено официјално, а сето тоа е виновна за една трогателна средба за време на концерт.

фото:профимедиа

„На некој начин, јас и самата сфатив затоа што изгледаше исто како мене”, рече Лив.
– Јас и сестра ми Миа, која е една година помлада од мене, и застанавме на различни страни на сцената на концертот и беше буквално како да го гледам мојот близнак.

Таа со поглед бараше потврда од нејзината мајка, која како да и го прочита умот.
– Изгледаше исто како мене. Ја погледнав мајка ми и нејзините очи беа полни со солзи и, на некој начин, сè поврзав сама.

Актерката е родена како Лив Рудгрен и додека Стивен не ја призна како свое дете, нејзе ја воспитуваше Тод Рудгрен, партнер на нејзината мајка во тоа време.

– Тој имаше прекрасно влијание врз мојот живот и сè уште го сметам за татко.

Останати вести од Радио Милева