Радио Милева

Славната актерка се шеташе боса и без заштита низ Лос Анџелес каде има илјадници заразени од корона (фото)

Славната актерка се шеташе боса и без заштита низ Лос Анџелес каде има илјадници заразени од корона (фото)
фото:џејми ли кертис/инстаграм

Холивудската актерка позната по бројни улоги во легендарни филмски остварувања, славната Џејми Ли Кертис, не се плаши од коронавирусот кој владее со светот.

Таа се прошета низ улиците на Лос Анџелес без обувки, маска и ракавици на рацете и во опуштено издание се релаксирала во прошетката.

фото:carlosmaidana/boadimage

Џејми, иако е во ризичната возрасна категорија, таа очигледно не смета дека е во опасност.

Во овој американски град има околу 17.500 заразени луѓе со корона вирус, а 797 починале.

Во ЛА властите ја продолжија мерката за седење дома до 15-ти мај.

фото:џејми ли кертис/инстаграм

Инаку, актерката е во изолација во нејзиниот дом во Лос Анџелес со сопругот, сценаристот Кристофер Гуест (72). Двојката е во брак 36 години, а заедно тие ја посвоија ќерката Ени (34) и синот Томас (24).

Останати вести од Радио Милева