Радио Милева
Кој е тука непослушен?

Слаткар си доби по нос од синчето Моша (фото)

Слаткар си доби по нос од синчето Моша (фото)
фото:слаткаристика/инсатграм

Слаткар и Сања Николиќ неодамна за првпат се остварија во улогата на родители и добија машко бебе.

Наследникот го носи името Моша, и сега е центарот на нивниот свет.

Сања отсекогаш била резервирана за приватноста, па така и сега не е од оние мајки кои објавуваат фотографии од секојдневието на мајчинството но затоа е тука тато Марко кој се почесто споделува интересни момети на социјалните мрежи.

Овој пат му ги „грицкаше“ малите стапалца, а Моша како да сакаше да му каже дека е непослушен, па бидејќи не може да зборува му возврати со бебешка клоца во главата- момент кој ги насмеа следбенците на популарниот македонски рапер.

Инаку, неодамна Салткар објави и како го услива синот со приспивна песничка која самиот си ја измислил.

Останати вести од Радио Милева