Радио Милева
пред да стане татко...

Слаткар работи турбо: На Сања Николиќ „и направи“ бебе, а знаете ли што и направи на Сузана Гавазова? (ФОТО+ВИДЕО)

Слаткар работи турбо: На Сања Николиќ „и направи“ бебе, а знаете ли што и направи на Сузана Гавазова? (ФОТО+ВИДЕО)

Неодамна Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговата поубава половина Сања Николиќ, објавија на Инстаграм дека го очекуваат својот прв наследник. Сања е бремена и „Слаткар“ наскоро ќе стане татко за прв пат.

Повеќе од доволна причина екипата на „Бекстејџ“ да отиде и поразговара со идниот татко, кој што вели дека мекици нема да прави, бидејќи тоа се залудно потрошени пари.

„Ќе почестам, ама нема да правам ‘свадба’… Мекици? Тоа е жива глупост. Најшкарт инвестирани пари. Овде само нешто се слави. Треба да се работи, а не само да се слави“ – вели Марко во изјавата.

Слаткаристика додава дека за него најважен медиум иако тоа во класична смисла на зборот и не е, бил Јутјуб.

„Ние не сме јутјубери, ама сепак, да не беше каналот, сите ние немаше да бидеме тоа што сме денес. Милиони прегледи? Да, имам над милион прегледи, ама тие не значат и милиони во вистинскиот живот“ – раскажува Марко пред камерата во „ТВ магазинот од зад сцената“.

Деновиве на социјалните се појави интересна фотографија која буди голема љубопитност. Неа ја објави нашата пејачка Сузана Гавазова на своите Инстаграми приказни, а на неа фолкерката е сликана заедно токму со „Слаткар“, додека во описот на фотографијата стои: „Се готви нешто со најдобриот и единствениот Слаткар!“

Слаткар на Сања Николиќ „и направи бебе“, мекици за бебето нема да прави, а што тоа (ќе) и направи на Сузана Гавазова? Ќе дознаете наскоро!

Во меѓувреме, погледнете и слушнете што друго кажа за бебето, за мекиците и Сања, за настапите и спотовите во Бугарија и Банско, за соработката со младите артисти од новата сцена, социјалните мрежи и интернет… во видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева