Радио Милева

Слаѓа Алегро е нов член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Слаѓа Алегро е нов член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“
фото: Принтскрин/инстаграм

Деновиве започна снимањето на 14-та сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Според новите правила, освен стандарното жири ќе има и член на жири кој ќе биде гост и ќе има право да одбере кандидати  на кои ќе им биде ментор.

Во една емисија, на жирито ќе им се приклучи и пејачката Слаѓа Алегро.

фото: Принтскрин/телеграф

Во интервју за „Телеграф“ таа истакна дека ја сака телевизијата каде се емитува музичкото шоу и се допаѓа тоа сите се професионалци, па нема причина да не биде таму кога е поканета.

Пејачката истакна дека нема да биде строга кон кандидатите.

фото: Принтскрин/телеграф

„Јас претпоставувам дека на сите тие луѓе им е многу тешко.Три минути не се доволни да покажете што знаете, посебно кога имате трема. Мислам дека треба да најдеш начин за да кажеш на некој дека нешто не е во ред“ вели Алегро.

Како ќе се снајде во новата улога и дали можеби ќе одбере некој македонски кандидат останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева