Радио Милева

Скршен од тага: Почина мајката на Мики Црнокрак

Скршен од тага: Почина мајката на Мики Црнокрак
фото:мики црнокрак/фејсбук

За семејството Црнокрак вчерашниот ден беше особено тежок, изгубија близок и сакан член на семејството.

Мики на своите профил на социјалните мрежи објави дека починала неговата мајка, која како што напиша во објавата, иако целиот живот била борбена мајка, сопруга и баба која никогаш не се предава, сепак ја изгубила оваа битка.

„Мојот најголем борец! Мојот херој! Извојува многу животни победи, никогаш не се предаваше, живееше за нас, да има секогаш се за нас, за неа не мора… Сепак последната битка не ја издржа… Почивај во мир мајко мила.“

Скршен од тага, Мики објави и фотографии од мајка си Василка, а стотици пријатели му изразија сочувство за загубата.

Од својата свекрва се прости и Светлана Црнокрак. „Моја втора мајко.Почивај во мир, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Инаку, родителите на Мики во 2017 година обележаа  50 години брак.

Останати вести од Радио Милева