Радио Милева

Скопјанката Елеонора влезе во „Задруга2“: „Влегувам да ви ја избркам негативната енергија“ (видео)

Скопјанката Елеонора влезе во „Задруга2“: „Влегувам да ви ја избркам негативната енергија“ (видео)

Во  вистина.ком.мк имавте прилика да ја прочитате екслузивната вест која ја пренесовме пред сите медиуми, а се однесува дека Македонката, Елеонора Миљковиќ која влезе во втората сезона на „Задруга2“.

Пишувањата на нашиот портал се покажаа како точни, па во „Задруга 2“, влезе и Елеонора Миљковиќ од Скопје.

Таа истакна дека влегува за да ја избрка негатвината енергија меѓу учесниците во реалното шоу.

„Не се плашам од ништо, односно единствен страв ми е ако нема храна. Јас кога сум гладна, тоа навистина е страшно. Тогаш сум нервозна и сите ме нервираат“, вели Елеонора во своето претставување пред влегувањето во реалното шоу.

Таа истакна дека има неколку идеи за „Задруга“, но објасни дека не влегува да се кара во реалното шоу:

„Ќе се трудам да бидам фер и реална кон сите“, изјави Македонката.

Елеонора исто така изјави дека и се допаѓа Адам Џогани, но дека го гледа само како брат бидејќи има добра душа.

Инаку, Елеонора е дипломиран правник, а сега има и запишано мастер студии, но и работи како фотомодел, снима спотови и реклами.