Радио Милева

Скандал во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“: Аца Лукас жестоко распали по Карлуеша, па го напушти студиото!

Скандал во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“: Аца Лукас жестоко распали по Карлуеша, па го напушти студиото!

Полуфиналната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ беше толку стресна за жирито, па не се знае дали ќе останат истите членови следната сезона.

Како што пренесува Свет, Јелена Карлеуша не сака повеќе да седи во жири во кое ќе биде и Аца Лукас. До кавги дошло кого Аца Лукас во дуел меѓу Хана и Тијана тој гласаше за втората. Јелена се налути на Лукас што гласаше за втората кандидатка кога Хана подобро пее.

– Што ти е гајле за кого ќе гласам? Клошарко една, викаше Лукас, а Карлеуша не сакаше да му молчи.

– Срам да ти е. Две години те трпам и молчам додека не ме нападнеш. Сега ќе си одам, па да видам како ќе го завршите снимањето без мене, изјави Карлеуша, ја фрли бубицата и го напушти студиото.

фото: принтскрин

Марија Шерифовиќ и Аца Лукас тргнаа по неа, Лукас и повтори повторно дека е клошарка и го напушти студиото на Кошутњак.

–  Повеќе од еден час, Саша Поповиќ го бараше да се врати за да продолжат со снимањата. На крајот се врати, но атмосферата беше ужасна. По снимањето Карлеуша разговараше со Поповиќ. Му кажа дека повеќе нема да дозволи некој да ја навредува и дека е крај. Му постави услов, дека во следната сезона нема да седи или таа или Лукас, изјави извор близок на Гранд.

За потестување, неизвесно беше дали Лукас ќе биде и оваа сезона во жирито на музичкото шоу бидејќи имаше кавга со Поповиќ околу финанасиите.

фото: Марина Лопичиќ