Радио Милева

Скандал околу гласањето на жирито: Oваа држава ги прекрши правилата, па беше дисквалификувана од Евровизија

Скандал околу гласањето на жирито: Oваа држава ги прекрши правилата, па беше дисквалификувана од Евровизија
фото: Принтскрин

Во сабота вечер заврши 64-то издание на Избор на песна за Евровизија на кое Македонија го освои осмото место.

Меѓутоа, вистински скандал се случил неколку дена пред тоа односно во среда, пред втората полуфинална вечер.

Имено, членовите на жирито на Белорусија во едно интерјву откриле како гласале поради што жирито на оваа држава беше дисквалификувано и немаше право да гласа во финалето.

фото: Принтскрин

Европската радиотелевизиска унија го распушти белоруското жири откако во средата во интервју за белорускиот Тут откриле како гласале.

„Едногласно одлучиме за три победници. Генерално, не се размислуваме за првите шест, седум места. Потоа требаше да одлучиме кои ќе бидат на осмо и девето место. Се мислевме околу 10минути“ вели претседалот на жирито, Валериј Пригун.

Откривањето на гласовите е против правилата на Евровизија поради што е донесена одлука жирито на Белорусија да биде дисквалификувано.

„Во согласност со правилата на Евровизија, ЕБУ ги презема сите потребни работи и го распушти белоруското жири за финале на Евровизија“ пишува во изјавата на ЕБУ.

Членовите на жирито откриле како Ангелина Микулскаја својот глас го дала на  Австралија, Валериј Пригун својот глас ги дал на Чешка, Естонија и Грузија. Третиот член на жирито своите гласови ги дал на Естонија, Грузија, Австралија и Чешка. Артем не ги коментирал гласовите, но изјавил дека негови фаворити се Грузија и Сан Марино додека Анастасија Тихановиќ ги пофалила Грузија, Чешка, Словенија, Естонија, Грција и Австралија.