Радио Милева

Сите зборуваат за второто бебе: Меган Маркл е бремена?

Сите зборуваат за второто бебе: Меган Маркл е бремена?
фото: гуливер.гети имагес

Мика Мејер, експерт за деталите на кралското семејство и нивните протоколи, откри интересни предвидувања за второто дете на популарниот пар.

Имено, како што пишуваат странските медиумите, Меган и Хари може наскоро да обелоденат дека ќе станат родители на нивното второ дете.

Бидејќи Мега и Хари не сакаат да прават голема разлика во годините на децата, ова вест може да е веродостојна, пренесуваат странските медиуми.

фото: гуливер/гети имагес

Мејер даде јасна анализа на малиот Арчи, но и на бебето број 2.

„За разлика од Арчи, второто дете ќе биде родено во Америка. Тоа значи дека еден ден ќе може да стане американски претседател“, вели Мејер.

Инаку, Меган и Хари на почетокот на годината го напуштија кралското семејство и заедно со синот Арчи се преселија во Америка.

Дали навистина Меган е бремена останува да покаже времето.

Останати вести од Радио Милева