Радио Милева
„Пропуштив многу“

„Сите правиме грешки кои воедно се лекции“: Мелита откри за што најмногу жали во животот (фото)

„Сите правиме грешки кои воедно се лекции“: Мелита откри за што најмногу жали во животот (фото)
фотомелита ракиќеви/инстаграм/принтскрин

Поради коронавирусот за многумина на кои им работи свеста и совеста, социјалниот живот го нема, но затоа виртуелниот е ставен на максимум.

Фејсбук и Инстаграм станаа секојдневна алатка како прозорец низ светот без која како да не се може, а дел од познатите Македонци дополнително се активираа пред своите следбеници.

Поранешната ТВ водителка и трендсетерка Мелита Ракичевиќ отсекогаш била активна корисничка на Инсатграм, но сега освен за нови фотографии, се повеќе има време да одговара парашања од следбениците кои и станаа секојдневие.

А прашалници од љубопитните има доста…

Деновиве таа повторно имаше одговори, а меѓу многуте откри и за што најмногу жали во животот. Вели дека тоа се неколку работни понуди надвор од Македонија, но најмногу жали кога е мајчинството во прашање.

фотомелита ракиќеви/инстаграм/принтскрин

-Пропуштив многу работни понуди надвор од МК и за тоа жалам. Сите правиме грешки кои воедно се лекции, но не би повторила некои мои избори. Се друго е „ок“, не жалам за ништо освен што не родив уште едно дете, искрена беше Мелита.

За потсетување, Мелита Ракичевиќ од бракот со познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ ја има 15 годишната ќерка Барбара која тргна по стапките на мама и денес ја гледаме како водителка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.

Останати вести од Радио Милева