Радио Милева

Сите мамички ќе ја посакаат маичката на Тамара: Дарен во неа е како мало кенгурче (фото)

Сите мамички ќе ја посакаат маичката на Тамара: Дарен во неа е како мало кенгурче (фото)
фото:инсатграм

Иако помина релативно кусо време откако пејачката Тамара Тодевска стана мајка по вторпат и го роди синот Дарен, таа со полна пареа се врати на професионалните обврски, а најголемата е тоа  што ќе биде годинешниот претставник на Евровизија.

Таа во своето најново интервју во шоуто „Еден на еден“, откри дека олеснителна околност е тоа што има дадилка за Дарен, па полесно може да „жонглира“ со обврските.

Најново е што на својот Инстаграм објави дека почнала да вежба во теретана и да ги намалува килограмите, а друштво и прави Хана која ја забавува мама додека троши калории.

Опкружена со детската љубов, Тамара има полно секојдневие со задоволства, што дома, што во сала за вежбање, ресторан, сцена…

Тука се секогаш Хана и Дарен кои и го полнат срцето.

Во една од последните објави таа сподели фотографија на која носи специјална кенгур -маичка во која го смести Дарен како малечко кенгурче.

Нема сомнеж дека многу мамички ќе ја посакаат токму оваа кенгур-мама маичка.

фото:инстаграм/тамаратодевска