Радио Милева

Сите ја голтаа со поглед: Кејт Мидлтон во фустан како венчаница и со накитот на принцезата Дајана (фото)

Сите ја голтаа со поглед: Кејт Мидлтон во фустан како венчаница и со накитот на принцезата Дајана (фото)
foto:Getty / Gareth Cattermole

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон со сопругот, принцот Вилијам, се појави на БАФТА наградите во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Кога е изгледот во прашањ, таа се одлучила за бела тоалета со потписот на Александар Меквин, а со тоа ги воодушеви присутните и медиумите. Британските медими пишуваат дека Кејт едноставно била во фокусот на вниманието.

foto:Getty / TIM IRELAND

Дополнителни поени во медиумите Кејт доби заради фактот дека нејзиниот фустан е инспириран од оној што принцезата Дијана го носеше на концерт во Ројал Алберт Хол во 1991 година.

Романтичниот фустан како венчаница комбинираше со потпетиците на Џими Чу, и алка која и припаѓала на кралицата мајка Елизабета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Komal sattar (@doctorblogger) on

Кејт ги носеше и обетките на принцезата Дијана, кои секако не останаа незабележани.