Радио Милева

„Сите ја дочекаа на нож“: Карлеуша брутално искрена за Наташа Беквалац

„Сите ја дочекаа на нож“: Карлеуша брутално искрена за Наташа Беквалац
foto:svetplus

Јелена Карлеуша ретко може да биде воздржана кога станува збор за нешто кое е доста актуелно во јавноста.

Дали има спротивен или ист став со некого, тоа баш и не ја интересира, но нејзиното мислење најчесто сака да го знаат сите.

Така беше и овој пат кога реши брутално искрено да каже што мисли да новата песна на Наташа Беквалац „Мала плава“ чиј текст е посветен на немилите настани кои и се случуваа во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Карлеуша на тоа вели:

Мора да кажам дека Наташа никогаш не изгледала подобро отсега. Изгледа дека жената кога поминува низ тежок период во животот, изгледа најдобро. И честитам за новата песна. Во моментот кога ја објави, сите ја дочекаа „на нож“, а јас знаев дека ќе биде голем успех. Се’ што се дочекува на нож кај нас, подоцна станува голем хит. И посакувам се најдобро, јас ги поддржувам жените што се борат сами. Таа е самохрана мајка на две деца, некој што се бори сам цел свој живот. Ја има сета моја поддршка“, и порача Карлеуша на колешката.