Радио Милева

Сите го знаеме како Марио од „Преспав“, а еве колку години наполни Васил Зафирчев

Сите го знаеме како Марио од „Преспав“, а еве колку години наполни Васил Зафирчев

Актерот Васил Зафирчев имавме прилика да го гледаме во улога на готвачот Марио во македонската ТВ серија „Преспав“.

Преку своите карактеристики на ликот тој ја освои публиката. Тој неодамна гостуваше во емисијата „Живот со стил“ каде што истакна дека од Марио ги има само добрите особини.

фото: фејсбук

Марио односно Васил деновиве го прослави својот 39ти роденден, а на неговиот Фејсбук профил се нижеа честитки и желби.

Зафирчев на социјалните мрежи им се заблагодари на сите пријатели, роднини, следбеници за искрените и убави зборови.

„Сé тече. Ништо не останува исто, освен некои мигови, кои понекогаш ни изгледаат како да траат вечно. Животот е промена, трансформација, континуирано постоење, развој.
Драги пријатели, ви благодарам од срце на убавите мисли, желби и честитки по повод мојот 39-ти роденден. На сите ви возвраќам само со една желба, да го сакате животот повеќе од неговата смисла! На здравје, на живот!“ напиша атерот на „Фејсбук“.

Веруваме дека Зафирчев имал роденденски ден и дека го поминал во кругот на најблиските и најмилите.

фото: Фејсбук