Радио Милева

Сите гледаа во еден детаљ на раката на Меган Маркл кој чини околу 4 000 фунти

Сите гледаа во еден детаљ на раката на Меган Маркл кој чини околу 4 000 фунти
фото: гуливер/гети/имагес

Кога Меган Маркл неодамна се појави на еден јавен настан набргу по породувањето, сите зборуваа за нејзиниот изглед и модното издание.

Меѓутоа, сега британските медиуми пишуваат  за еден детаљ кој тогаш не го забележаа.

Имено, тој ден Меган Маркл го покажа својот  нов свршенички прстен.

Оригиналниот прстен беше од жолто злато и имаше еден голем дијамант од Боцвана, каде што парот заедно беше на патување, и два помали дијаманти од колекцијата на принцезата Дијана.

Сега се претпоставува дека за време на бременоста го однела овој прстен на изработка бидејќи и бил мал.

Како што пишуваат странските медиуми, тоа е подарок од принцот Хари за нивната годишнина од бракот, а чини 4 000 фунти.

Се пишува дека ова е само еден дел од колекцијата на Меган Маркл која чини 600 000 фунти.

Останати вести од Радио Милева