Радио Милева

„Сите добивме ново музичко чудо“: Еве кој македонски кандидат е фаворитот на Карлеуша за победа во вечерашното финале на „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

„Сите добивме ново музичко чудо“: Еве кој македонски кандидат е фаворитот на Карлеуша за победа во вечерашното финале на „Ѕвездите на Гранд“ (фото)
фото:инсатграм/ѕвездите на гранд

Популарното регинално музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ завршува вечера за оваа сезона, а со тоа и годинава ќе биде избран уште еден победник.

Македонија има четворица свои финалисти кои успеаја да се пласираат како едни од најдобрите. Станува збор за Мартинијан Кириловски под менторство на Јелена Карлеуша, Дарко Коцевски чиј ментор е Ѓорѓе Давид, Филип Пецовски на кој Карлеуша исто така е ментор и Огнен Здравковски во тимот финалисти на Марија Шерифовиќ.

Неколку часа пред големиот спектакл на сцената на „Гранд“, Карлеуша се обрати на својот Инстаграм со порака до своите фанови да ги подржат нејзините кандидати.

Но особено пофални зборови имаше за нашиот кумановец Мартинијан.

Во изминатите изданија Јелена не го криеше своето воодушевување од Мартинијан, кој го нарекува нејзина кукла и фаворит за победа.

Пејачката и менторка не пропушти да побара подршка и за Филип Пецовски од Скопје за кој вели дека е роден за голема сцена.

Како Македонците ќе поминат вечерва, е доста неизвесно покрај толку силна конкуренција, но се надеваме дека Македонија ќе однесе уште една победа после онаа на Ристе Ристески во 2017 година.