Радио Милева

Ќе се испочитуваат сите српски обичаи: Сите детали за свадбата на Вељко и Богдана

Ќе се испочитуваат сите српски обичаи: Сите детали за свадбата на Вељко и Богдана
фото: Принтскрин/инстаграм/вељкоражнатовиќ

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ на 24 ноември ќе запливаат во брачните води, а гала свадбата ќе биде во еден луксузен хотел.

„Познато е дека Цеца и Вељко ги почитуваат сите обичаи и традиции, па не е ни чудно што ќе ги почитуваат и свдбените обичаи.Имено, пред венчавката и свадбената веселба, Ражнатовиќ ќе одат во Тител по младата. Како налагаат обичаите, пред земање на младата, сватовите ќе треба да ја турнат јаболката пред домот на Родиќ, а потоа да влезат во дворот. Вељко изрази желба да се почитува традицијата, а семејството се согласи со него“  вели извор близок на семејството.

Црковната венчавка ќе биде во храмот „Свети Сава“, а граѓанскиот брак ќе го склопат во хотелот кој го одбраа за свадбата. На свадбата ќе присуствуваат 500 гости.

„Цеца не сакаше да се меша во желбите на Вељко и Богдана, но е тука да им помогне околу се што им треба.

фото: дамир дервишагиќ

Оркестарот Александар Софронијевиќ ќе биде задложен за добра атмосфера, а за микрофонот ќе се фатат Цеца, како и многу нејзини колеги.

Подготвоките се при крај, а снаата и свекрвата одлично се согласуваат.

„Салата во која ќе се венчаат  ќе биде уредена според желбите на Вељко и Богдана. Таа долго време размислуваше каква венчаница ќе носи, а моментално се последните подготовки на  детали на фустанот. Бидејќи Богдана е блиска со женскиот дел од семејството, таа се консултираше со Цеца, како и со Анастасија“ вели изворот.

За потсетување, Богдана е бремена, па следната годината таа и Вељко ќе станат родители на нивното прво дете.

Останати вести од Радио Милева