Радио Милева

Синот на Том Хенкс откри како се чувствува актерот кој се зарази од коронавирус

Синот на Том Хенкс откри како се чувствува актерот кој се зарази од коронавирус
фото: Профимедиа

Актерот Том Хенкс откри дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон се заразени од корнавирус.

Брачниот пар моментално се наоѓа во карантин во Австралија, а ова е прва холивудска ѕвезда која се зарази од корона.

Синот на Том и Рита, Чет Хенкс се огласи со видео порака во која вели дека се наведува дека се ќе биде во ред и дека се слушнал со родителите.

„Здраво на сите. Да, точно е. Моите родители имаат корона вирус. Двајцата се во Австралија бидејќи мојот татко снимаше филм. Пред малку се слушнав со нив, двајцата се добро, не се толку болни. Нема да патуваат, но ќе поминат низ одредена медицинска процедура“ објасни синот на актерот.

„Мислам дека не треба премногу да се загржувате, но ја ценам вашата загриженост и позитивни мисли. Мислам дека се ќе биде во ред. Ви благодарам, останете добро“ порача Чет.