Радио Милева

Синот на Шабан Шаулиќ е во врска со познатата пејачка?

Синот на Шабан Шаулиќ е во врска со познатата пејачка?
фото: р.ристиќ/с.крстиќ/рассрбија

Синот на починатиот пејач Шабан Шаулиќ, Михајло е во врска со пејачката Александра Младеновиќ, пишуваат српските медиуми.

Пејачката претходната недела го прослави својот 26 роденден во еден ресторан, а на прославата се појавил и Михајло.

Нивните пријатели велат дека се заљубени како тинејџери. Дека Михајло ја следи Александра покажува и тоа што бил на нејзиниот прв настап по вонредната состојба. Александра во сабота вечер настапуваше на еден белградски сплав, а Михајло бил во друштво на Кија Коцкар и уште неколку пријатели.

фото: Инстаграм/александра младеновиќ

Според изворот, по завршувањето на настапот Александра и Михајло заедно заминале дома.

Инаку тие се запознале сосема случајно односно неколку дена пред да заврши вонредната состојба.

Александра во февруари раскина со момчето кое не сакаше да го претстави на јавноста, а пред тоа беше во двегодишна врска со колега од „Ѕвездите на Гранд“. Од друга страна, Михајло ја раскина свршувачката со долгогодишната девојка Санела Мандиќ.

За потсетување, Михајло и Санела имаа закажано свадба за јуни 2020 година, но ги изненадија пријателите кога открија дека ставиле крај на врската.

фото: р.ристиќ/рас србија

Ни Александра ни Михајло не биле достапни за коментар.

Останати вести од Радио Милева