Радио Милева

Синот на Мајкл Даглас по седум години е надвор од затвор: Влезе запуштен, а излезе извајан како модел(фото)

Синот на Мајкл Даглас по седум години е надвор од затвор: Влезе запуштен, а излезе извајан како модел(фото)

Неодамна на улиците на Лос Анџелес прошета Камерон Даглас, синот на познатиот Мајкл Даглас, и сигурно дека сите очи беа фиксирани на него, бидејќи се прошета со голо торзо, покажувајќи ги мускулите и тетоважите.

Овој 40-годишник е најдобро познат по серија на проблеми со дрога, па дури беше и во затвор цели седум долги години. Тој заврши зад решетки во 2010 година, и излезе во 2016 година, кога го шокираше светот со физичката трансформација – бидејќи во затворот отиде запуштен, а излезе извајан како манекен.

фото:профимедиа

Тој, наводно, целосно го обнови и го смени својот начин на живот, а во тоа му помогна и инструкторката по јога Вивијан Tајбс која една година по излегувањето од затворот, му ја роди ќерката Луис Изи.

фото:профимедиа

-Моето семејство никогаш не се откажа од мене, дури и ни за секунда. Кетрин е борец, таа е некој кој дојде од Велс и благодарение на упорноста и талент да се искачи на врвот. Таа никогаш не се откажува, па тоа не е од мене. Љубовта на моето семејство ме спаси во најмрачните денови “, рече тој за семејството и Кетрин Зета Џонс.

Останати вести од Радио Милева