Радио Милева

Синот на Лепа Брена првпат пред македонските камери проговори за приватниот живот и немилата случка од пред неколку години

Синот на Лепа Брена првпат пред македонските камери проговори за приватниот живот и немилата случка од пред неколку години
фото: принтксрин/инстаграм

Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ тргна по стапките на неговите мајка и заплива во музичките води.

Имено, Стефан првпат пред македонските медуми проговори за својот живот и како е да се биде син  на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

„Одлично, како може да биде. Од една страна е многу убаво да имате такви два примери, какви да бидете и да видите како некој е голем човек. Да остане нормален и да го зачува семејството. Од дома па до јавната сцена, тие ни се пример“ вели Стефан за „Ексклузив“.

фото: Притнсркин/1тв

Во интервју за „Ексклузив“, Стефан проговори за написите кои се појавуваат во медиумите, за иселувањето од својата куќа, за девојките и дека е слободен.

Тој откри дека ужива во својата слобода и дека нема девојка, но дека за него не е важна само убавината туку и енергијата.

„Уживам во своите години, кога ќе дојде време да бидам сериозен ќе бидам сериозен“.

Стефан првпат пред македонските медиуми проговори и за немилата случка која му се случи пред неколку години, односно кога беше киднапиран, а Брена и Бобо мораа да платат два ипол милиони марки за да го добијат синот назад.

фото: принтскрин/1тв

На прашањето за оваа тема Стефан пред камерите на „Ексклузив“ не сакаше многу за зборува.

„Јас реков дека за тоа нема да зборувам во своите интервјуа и нема да ја користам оваа тема за телевизиите. Им праќам позитивна енергија на луѓето, знам каков е проблемот. Иако во мојата ситуација сум добро обезебеден, свесен сум што се случува не само кај нас туку и во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија“ вели Стефан.

Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.

ЕКСКЛУЗИВ

Gepostet von 1tv.mk am Freitag, 28. Juni 2019