Радио Милева

Синот на Бритни Спирс за 5 000 следбеници ја „кодошеше“ својата мајка која 12 години поминува низ пекол

Синот на Бритни Спирс за 5 000 следбеници ја „кодошеше“ својата мајка која 12 години поминува низ пекол
фото: Профимедиа

Синот на Бритни Спирс поради 5 000 следбеници ја кодошеше неговата мајка која 12 години живее во пекол.

Во текот на претходните години многу се зборуваше и пишуваше за животот на Бритни Спирс, но никој не очекуваше дека најновите шпекулации ќе ги покрене нејзиниот син Џејдан Федерлајн.

Како што пренесуваат странските медиуми, Џејдан снимал лајв видео во кое кажал дека кога ќе добие повеќе следбеници ќе ја раскаже целата приказна за неговата мајка. Синот на Бритни ја „кодошеше“ неговата мајка за 5 000 следбеници.

„Што се случува со мојата мајка? Ќе ви ја раскажам целата приказна кога ќе добијам 5 000 следбеници. Кога ќе бидам популарен ќе ти откријам сите детали за Бритни“ објасни Џејдан.

Кога го прашаа дали некој манипулира со неа, тој одговори дека не знае. Во еден момент некој од фановите ја праша дали Спирс подготвува нови песни, тој одговори дека не забележал дека пејачката работи на нови песни.

„Се сеќавам во еден момент ја прашав: „Мамо, што се случува со твојата музика?“, а таа одговори: „Не знам, душо. Мислам дека ќе престанам да пеам“. Бев изненаден, па ја прашав: „Дали знаеш колку пари заработуваш од пеењето?’ вели Џејдан.

До крајот тој истакна дека му се допаѓа новиот дечко на Вритни, но и дека неговиот дедо не е добар човек и може веднаш да исчезне од земјата.

Останати вести од Радио Милева