Радио Милева

Синот на Бекамови се жени во луксузно одмаралиште во Италија, а за венчавката ќе искешира огромна сума!

Синот на Бекамови се жени во луксузно одмаралиште во Италија, а за венчавката ќе искешира огромна сума!
фото: Инстаграм

Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам неодамна се сврши со Никол Пелц, а со која планира луксузна свадба.

Венчавката треба да се одржи во луксузното одмаралиште „Боргo“. Се проценува дека трошоците ќе изнесуваат околу 400 000 евра.

Тие веќе го закажале тоа одмаралиште, а Викторија им помогнала во изборот.

Во 2012 година на истата локација се венчаа Џастин Тимберлејки и Џесика Бил.

„Тоа е ваш ден, сакаме да ви го направиме  посебен и да имате се’ што ќе посакате“ им рекла Викторија на идните младоженци.

фото: Инстаграм/николпелц

Луксузниот хотел има две приватни плажи, а главната зграда е во облик на дворец и може да собере 400 гости.

Инаку, најстариот син на Бекамови ја запроси девојката со прстен од 200 000 долари, а наводно ќе има две венчавки.

Потсетување, Бруклин и Никол се во врска од крајот на 2019 година, а таа 4 години е постара од него и професионално се занимава со глума.

Останати вести од Радио Милева