Радио Милева
син на мајка

Симона Поповска неодамна стана мајка, а сега ја објави првата фотографија со наследникот (фото)

Симона Поповска неодамна стана мајка, а сега ја објави првата фотографија со наследникот (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм/симона поповска

Пејачката и докторката Симона Поповска пред речеси месец ипол првпат се реализираше во улогата на мајка.

Имено, оваа вест ја изненади јавноста бидејќи пејачката не откри дека е бремена се до моментот кога не пристигна новиот член на семејството.

Симона и сопругот Крис станаа родители на момче.Веста ја обзнани на социјалните мрежи кога започнаа да пристигнуваат честитки за пристигнување на наследникот.

„Ова е чувство како ниедно досега“: Симона Поповска откри детели за бременоста, породувањето, но и името кое му го дале на бебето – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Симона сега ужива во првите мигови со синчето, а на социјалните мрежи неодамна се пофали дека биле на семеен ручек.

Пејчката сега пак во кусите приказни на „Инстаграм“ ја објави и првата фотографија со бебенцето како го држи во прегратки, но не го покажа неговото лице.

фото: Принтскрин/инстаграм/симона поповска

Верувеме дека деновите кои доаѓаат ќе бидат уште поубави за среќните родители

Инаку, Поповска имаше и убав повод за славење односно три годишнина од бракот.

Таа на својот Инстаграм објави фотографија од свадбата со својот сопруг, а како објаснување напиша:

„Пред три години, засекогаш заедно“.

фото: Принтскрин/инстаграм/симона поповска

Потсетуваме, во 2016 година Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски. Следната година во месец август се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро, а една година подоцна ја направија и свадбата

Останати вести од Радио Милева