Радио Милева
убаво друштво

Симона Поповска неодамна се породи, а сега излезе на прва прошетка во проширен состав со синчето (фото)

Симона Поповска неодамна се породи, а сега излезе на прва прошетка во проширен состав со синчето (фото)
фото: Инстаграм/симона поповска

Maкедонската пејачка и докторка Симона Поповска, кон крајот на месец април за првпат се реализираше во улогата на мајка.

Таа целата својата бременост и веста за приновата ги криеше од медиумите и јавноста, а на социјалните мрежи тогаш не објавуваше фотографии од неа и трудничкото стомаче.

Веста за пристигнување на новиот член на семејството се обзнани на социјалните мрежи кога почнаа да пристигнуваат честики на сметка на пејачката.

Имено, Симона и нејзиниот сопруг Крис добија син.

Неколку дена по породувањето, пејачката објави неколку фотографии од период кога била во блажена состојба и  го покажа трудничкото стомаче.

фото: Инстаграм/симона поповска

Сега пак, Поповска беше на семејна средба која ја овековечи со заедничка фотографија на социјалните мрежи, а на фотографијата е нејзиниот син во бебешка количка.

„Време за семејството“ напиша таа.

фото: Инстаграм/симона поповска

Инаку, Симона и Крис во 2018 година запливаа во брачните води.

Останати вести од Радио Милева