Радио Милева
„што на ум - тоа на друм“

Што е многу – многу е… и од Тамара и од Дарко: Не се знае кој повеќе ја претера, нашата евровизиска пејачка или чикашкиот камионџија? (ВИДЕО)

Што е многу – многу е… и од Тамара и од Дарко: Не се знае кој повеќе ја претера, нашата евровизиска пејачка или чикашкиот камионџија? (ВИДЕО)

Евровизискиот успех на Тамара ја крена нацијата на нозе, ги запали социјалните мрежи и направи Македонија да се почувствува (нај)горда до сега кога е  ова натпреварување во прашање. И воглавно сите бевме и се’ уште сме среќни заради победата од жирито и нашиот најдобар евровизиски пласман до сега – 7-мото место на Евросонг! Настрана кој како и дали гласал или негласал, дома или во дијаспората… Тоа е негово, нејзино, нивно лично право на одлука. Пишувањата на социјалните мрежи на „лажните патриоти“ од една и „напуваните северџани“ од другата страна, не се за коментар.

По враќањето на Тамара дома, што се вели уште не симната од авион седна пред ТВ камерите, па понесена и самата од сета таа победничка еуфорија, на пејачката и се случи гаф, кој колку и да е случаен, сепак е гаф! Зашто кога ќе седнеш пред камери, сепак треба да внимаваш што ќе кажеш.

А Тамара меѓудругото кажа дека: „Ќе беше многу без врска да се откажевме и да не отидевме на  Евровизија, иако имаше првични размислувања и идеја парите што ќе се потрошат таму да се употребат за купување на амбулантни возила на брзата помош (кои и тоа како недостасуваат кај нас), зашто да не се појавевме годинава на Евросонг, никој немаше да дознае и слушне за нас“!

„Несреќна“ изјава, која колку и да е непромислено и во еуфорија кажана, сепак „не држи вода“, особено не, ако е кажана од „гордоста на нацијата“!

Чикашкиот камионџија, чешитиот Дарко Јефремов, попознат како Дарко Влогс, кој едвај чека да ги „начека“ познатите македонски јавни фаци  за да ги „распердаши“ од зад воланот на шоферската кабина, како едвај да чекаше вакво нешто. Изјавата на Тамара му легна како „кец на десетка“ па нагази  на „гас до даска“ и грабна да ја „черечи“ пејачката и за што треба и за што не треба.

Патем и самиот признавајќи дека Евровизија ниту гледал ниту песната на Тамара ја слушнал… Ама затоа устата му беше полна со нејзината „брза помош изјава“, како и со Сергеј Варошлија и Боки 13, кои ги стави во контекст на нивната меѓусебна блискост и дружба со Тамара…

…За на крајот сето тоа да заврши со експлицитна сцена на симулација на повраќање! Ало, мајсторе, крени рачна!!!

Не дека секој нема право на свое мислење, ама кога настапуваш во јавноста, особено свесно и смислено, сепак принципот „што на ум – тоа на друм“ не е пожелен. Особено, не, ако твоите зборови или постапки  некого засегаат, допираат, можат да го навредат, или повредат… наместо да го направат „горд“!

Затоа, што е многу-многу е… и од Тамара и од Дарко.  Не се знае кој повеќе ја претера, нашата евровизиска пејачка или чикашкиот камионџија? Погледнете, па проценете самите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs) on