Радио Милева

Шокантна исповед на Лепа Брена: „На синот на Александра и Филип нема да му бидам баба“

Шокантна исповед на Лепа Брена: „На синот на Александра и Филип нема да му бидам баба“
Foto: Alo!/ Dejan Briza

Една оа најголемите екс –Ју ѕвезди порачува дека нема да биде баба на синот кој ќе го добијат Александра и Филип Живојиновиќ. Пејачката објасни дека така се нарекуваат жените кои се стари, а дека таа и нејзиниот сопруг Боба не се тоа.

Сопственичката на „Гранд“ истакнува дека сите во семејството се радуваат на приновата и нагласува дека на младата двојка ќе им омага да го одгледаат детето.

-Среќна сум шти јас и Боба ќе го добиеме првото внуче. Тоа ќе биде голема радост во семејството зошто сакаме деца, а посебно мали бебиња. Ние нема да бидеме баба и дедо, јас не го сакам тој пожртвуван однос кон жените. Постојат жени кои се баби бидејќи така изгледаат. Секогаш ќе помагам на нашите деца за се што треба.

Foto: Alo/Dejan Briza

Во неколку наврати се пишуваше дека Брена не е во добри односи со Александра, на што таа вели:

-Таа како девојче учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“. Во нашата куќа доаѓаше многу пред да почне да се забавува со Филип. Дури ја носев со мене на настапи, имавме неверојатно добар однос. Подоцна подобро се запознавме и многу сме приврзани. Посебно ми е драга, бидејќи имам разбирање за некој што има 22 години. Секогаш ќе има голема поддршка од мене, професионално и приватно, истакнува Лепа Брена.

Останати вести од Радио Милева