Радио Милева

Шерон Стоун објасни зошто ставила крај на љубовните врски: „Не ми треба уште едно дете“

Шерон Стоун објасни зошто ставила крај на љубовните врски: „Не ми треба уште едно дете“
фото: Профимедиа

Актерката Шерон Стоун гостуваше во емисијата “The Drew Barrymore Show” откри бројни детали од својот живот.

Ѕвездата на филмот „Ниски страсти“ откри дека завршиле со љубовните врски, а сега откри и зошто.

„Завршив со забавувањата….Затоа што мислам дека луѓето не се искрени и не се вредни за моето време. Јас уживам во својата самотија и времето кое го поминувам со моите деца и моите пријатели“; изјави Шерон и додаде:

„Мислам дека не ми треба уште едно дете. Не ми треба неискреност и глупости“, одговори таа.

Стоун истакна дека не чувствува дека „мажите се на исто место како и жените“.

„Чувствувам дека мажите кои ги сретнувам се многу добри машки пријатели, но кога ќе дојде до емоционална зрелост, мислам дека мажите и жените се на различни места“ истакна актерката.

Останати вести од Радио Милева