Радио Милева

Шерифовиќ за „Proud“ имаше само пофални зборови, а што ќе каже сега? Тамара во Данска ја пееше победничката „Молитва“

Шерифовиќ за „Proud“ имаше само пофални зборови, а што ќе каже сега? Тамара во Данска ја пееше победничката „Молитва“
фото: јутуб

Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на Евровизија и го освои најдобриот пласман досега, односно прво место од жирито и седмо место од публиката.

Со „Proud“ таа го освои регионот, но и Европа. Многумина фанови од светот снимаа кавер верзии, реакции, имаа позитивни коментари за евровизиската претставничка.

Тамара доби поддршка и од нејзините колеги и колешки како од македонската така и од српската естрада, а многумина ја нарекоа и морален победник.

Некогашната победничка на „Евровизија“, Марија Шерифовиќ имаше само убави зборови за Тамара, па истакна дека таа дефинитвно е најдобриот вокал на овагодинешната „Евровизија“.

По завршувањето на ова музичко случување, на Тодевска и се отворија вратите за европска кариера. Пејачката закажа неколку настапи надвор од границите на Македонија односно пред неколку недели пееше во Шпанија.

фото: фејсбук

По настапот во европската метропола, Тодевска продолжи со концерти, па овој пат настапуваше и во Данска.

На својот концерт освен што ја пееше „Proud“ ја отпеја и „Молитва“ песната со која Шерифовиќ победи на „Евровизија“ во 2007 година.

фото: Јутуб

Овој момент беше снимен и објавен на социјалните мрежи, а под објавата имаше само убави зборови за вокалот на македонската пејачка.

Дали Шерифовиќ ќе ја слушна оваа изведба и што ќе каже останува да видиме.

Во продолжение слушнете ја „Молитва“ во изведба на Тамара.

Останати вести од Радио Милева