Радио Милева

Шерифовиќ се сети на македонскиот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“, а поради коментарот од минатата сезона сега „пропадна во земја“!

Шерифовиќ се сети на македонскиот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“, а поради коментарот од минатата сезона сега „пропадна во земја“!
фото:принтскрин/ПрваТВ

Марија Шерифовиќ се сети што еден кандидат му кажа на Ѓорѓе Давид, кој оваа сезона одлучи да биде негов ментор.

-Дали некој од членовите на жирито се сеќава дека овој кандидат изјави нешто на темата, а директно е упатено на Ѓорѓе кој сега му е единствена утеха и спас, дека ти него можеш по нешто да го научиш во пеење?, рече Марија и почна да се смее.

фото:принтскрин/ПрваТВ

Станува збор за македонскиот кандидат Стефан Величковски кој признава дека тоа се случило. Ѓорѓе сепак одлучи да му даде шанса, но додаде дека мора Стафан да го промени преголемиот став.

Инаку, Стефан минатата сезона во „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на пејачката Вики Миљковиќ, но поради новите правила оваа сезона, таа не може да му биде повторно менторка. По успешното поминување во вториот круг, за Стефан оваа сезона е задолжен рокерот Ѓорѓе Давид.

фото:принтскрин/ПрваТВ

Дали оваа сезона ќе има повеќе среќа, останува да видиме…

Останати вести од Радио Милева