Радио Милева

Шерифовиќ јавно го прозва овој македонски кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ и откри што мисли за него (видео)

Шерифовиќ јавно го прозва овој македонски кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ и откри што мисли за него (видео)
фото: принтскрин/инстаграм/огненздравкоски

Остануваат уште две емисии до крајот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ , односно полуфиналната и финалната вечер.

Во саботата се одржа  четврт финале во кое настапуваа македонските кандидати кои поминаа директно во  полуфинале.

Меѓу нив беа Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски и Дарко Даринос.

Во последната емисија на „Ѕвезде Гранда Специјал“ гости беа членови на жирито на музичкото шоу кои се потсетуваа на настапите на кандидати и ги коментираа и нивните настапи.

фото: Принтскрин/инстаграм/огненздравкоски

Марија Шерифовиќ која е ментор на Огнен Здравкоски јавно го прозва и пофали истакнувајќи дека според неа тој е најдобар нејзин кандидат.

„Од моите машки кандидати Огнен најмногу ми се допаѓа. Може се и сешто да пее, широк му е опусот. Неговата боја на гласот ми е далеку, далеку, далеку најдобра“ истакна Марија.

Огнен во една емисија истакна дека во финалето втората песна која ќе ја пее ќе биде „Гори ватра“ од Здравко Чолиќ и дека ќе има посебна сценографија.

За потсетување, оваа година во финалето наместо 12 кандидати ќе има 16, а ќе се гласа исто како на „Евровизија“.

Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ е закажано за 20 јуни.

Останати вести од Радио Милева