Радио Милева

Шехерезад потврди: „Халит и јас чекаме второ дете!“ (фото)

Шехерезад потврди: „Халит и јас чекаме второ дете!“ (фото)
(Photo by S. Alemdar/Getty Images)

Брачната актерска двојка Бергузар Корел (36) и Халит Ергенк (49) очекуваат второ дете, потврди убавата актерка за турските медиуми.

– Како што можеше да прочитате во медиумите. Јас и Халит очекуваме друго дете. Со зборови, не можам да ви ја опишам нашата среќа, бременоста е благословена состојба и токму така се чувствувам. Ние сме многу среќни и ви благодариме за вашите добри желби, рече познатата Шехерезада пред новинарите кои ја пречекаа во трговскиот центар во Истанбул.

Парот се запозна на сетот на популарната серија „1001 ноќ“, во која ги толкуваа главните улоги на Онур и Шехерезад.

Халит тогаш беше оженет со актерката Гизем Сојсалди, а веднаш штом се разведе, се ожени со Бергузар, со кого го има деветгодишен син Али.

Останати вести од Радио Милева