Радио Милева

Шеф Никола од „Брза кујна“ пред неколку дена стана татко, а сега откриено како ќе се вика малата принцеза

Шеф Никола од „Брза кујна“ пред неколку дена стана татко, а сега откриено како ќе се вика малата принцеза

Шеф Никола од кулинарската емисија „Брза кујна“ и неговата сопруга Стефанија викендов станаа родители на нивната принцеза.

Овие убави вести на својот „Фејсбук“ профил ги објави Никола, а оттаму се нижеа честитки и убави желби за новиот член на семејството.

фото: Притнсркин/фејсбук

Досега името на ќеркичката не беше познато. Меѓутоа, нивен пријател на социјалните мрежи намерно или случајно откри како ќе се вика принцезата на шеф Никола.

„Не е жива и здрава Дарија да расте со мама Стефанија, тато Никола и бато Дарин“ напиша нивниот пријател.

фото: Принтскрин/фејсбук

Под објавата се нижеа честитки за малата Дарија и сите им посакаа на новопечените родители нивната ќерка да расте жива и здрава.

Инаку, Никола и неговата сакана се венчаа на почетокот на месец јули, односно направија модерна свадбена забава на која беа присутни мал број на гости.

фото: фејсбук

За потсетување, ова е второ дете на Никола, од првиот брак го има синот Дарин.