Радио Милева

Шеф Никола ќе прави свадба, а уште една голема среќа е на пат!

Шеф Никола ќе прави свадба, а уште една голема среќа е на пат!
фото:фејсбук/николамишковски

На крајот од четвртата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ кое се емитува на телевизија Сител, еден од домаќините, односно шеф Никола откри што големо го чека на приватен план.

Имено, тој проговори за тоа дека на 6-ти јули ќе се случи неговата свадба со саканата Стефанија, а освен тоа уште една голема среќа за нив двајцата е на пат.

фото:фејсбук/николамишковски

Имено, избраничката на маестралниот шеф Никола е во блажена состојба, но тој вели дека иако е во подмината бременост, одлично се чувствува.

Подготовките за свадбената прослава се при крај, па само се чека да дојдат убавите и среќни мигови.

фото:фејсбук/николамишковски

Повеќе од јасно е дека најголемата страст на шеф Никола е готвењето и храната, додека пак најголема љубов семејството.