Радио Милева

Шеф Марк позираше со сопругата и ја сподели тајната за успехот во љубовта, кујната и животот (фото)

Шеф Марк позираше со сопругата и ја сподели тајната за успехот во љубовта, кујната и животот (фото)
фото:марк де јонг/фејсбук

Добро позната е народната дека љубовта доаѓа преку стомакот, а познатиот шеф Марк де Јонг кој многумина го познаваат преку шоуто „Беза кујна“ има слична животна девиза.

Периодов, Марк е зафатен со други работни ангажмани, а „Брза куна“ е на пауза поради заштита од коронавирусот. Но, затоа во кујната на работа и онаа дома, Марк е главен, но тука е и неговата сопруга Василка која му е неизмерна поддршка.

Денививе тој објави фотографија на која се заедно зад кујнскиот пулт каде се создава магија, а Марк има еден специјален рецепт за сите вкусови:

фото:марк де јонг/фејсбук/принтскрин

-Во љубовта, во кујната и во животот ако не си поддржан и разберен, џабе е… Добро утро и добар ден на сите!!! – пишува Марк во описот на фотографијата.

Фановите и следбениците на познатиот готвач со белгиско потекло секојдневно имаат можност да погледнат беспрекорно декорисрани чинии со врвни рецепти кои ти доаѓа да си изедеш преку екран, а за нив не се сомневаме дека се направени со главниот зачин – многу љубов!

Останати вести од Радио Милева