Радио Милева

Шарлиз Терон минала низ пекол: Мајка и го убила татко и, а таа сето тоа го гледала!

Шарлиз Терон минала низ пекол: Мајка и го убила татко и, а таа сето тоа го гледала!

Холивудската актерка Шарлиз Терон не може да се пофали со среќно и безгрижно детство.

Имено, нејзиниот татко се борел со алкохолизмот, бил агресивен и насилен, па нејзината мајка го убила во самоодбрана.

“Тогаш јас се преправав дека тоа не се случи, и не сакав да зборувам за тоа. На луѓето им велев дека татко ми почина во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да биде сведок на таква случка? Не знаеш како ќе реагира околината кога ќе им кажете дека сте дете на алкохоличар кого го убила неговата сопруга, односно  твојата мајка!? Не сакав да ме гледаат како жртва” – открила таа еднаш.

Иако вели дека и е тешко да се потсети на сè што преживеала, појаснува дека живеела во  постојан страв од нејзиниот татко. Секој ден се будев порано за да видам во какво тоа расположение ќе биде тој ден.

“Горда сум што преживеав” – ќе рече таа.

Една вечер, нејзиниот татко, Чарлс се врати дома во видно алкохолизиран состојба  и почнал да удира по масата и да се заканува дека со пушката ќе ги упука неговата сопруга Герда и ќерката. За жал, ова не биле само празни зборови па тој почнал да пука во собата на Шарлиз. Исплашена за сопствениот и животот на својата ќерка, Герда некако успеала да му го земе оружјето и го убила.

Подоцна мајката Шарлиз Терон, за убиствотот во самоодбрана на нејзиниот сопруг, била ослободена од обвиненијата.

Останати вести од Радио Милева