Радио Милева

Шабан Шаулиќ „удри“по „Ѕвездите на Гранд“ и зошто никогаш повеќе не би бил во жирито

Шабан Шаулиќ „удри“по „Ѕвездите на Гранд“ и зошто никогаш повеќе не би бил во жирито
FOTO: DEJAN BRIZA / RAS SRBIJA

Шабан Шаулиќ неколку години беше член на жирито од „Ѕвездите на Гранд“ за потоа да замине со „Пинк ѕвезди“, додека пак сега одбива да учествува во било кое шоу од таков тип.

-Сакав да му помогнам на Саша Поповиќ на почетокот. Тогаш се бараа адекватни луѓе за натпревар , се сеќава Шабан во интервју за српски Курир. Шабан за почетокот на новата сезона од „Ѕвезите на Гранд“ своето заминување го образложи со зборовите.

FOTO: PROMO

-Тогаш тоа се претвори во ријалити, излегов од причината што веќе не можев да поднесам. Тоа едноставно не беше за мене, не му прилега на мојот карактер да изигрувам дворски шут, беше остар Шабан.